Опозицијата во Венецуела нема да учествува на изборите

Од:

Коалицијата на политички партии во Венецула, предводена од Хуан Гуаидо најави дека нема да учествува на престојните парламентарни избори, кои ќе бидат распишани од претставниците лојални на претседателот Николас Мадуро.

Коалицијата составена од 27 партии изборите, што се закажани на 6 декември, ги нарече измама.

– Заедно ќе се бориме за да ја избереме судбината на нашата земја. Сега мораме да го мобилизиаме мнозинството кое сака достоинствено да живее. Заедно ќе го победиме режимот, напиша Гуаидо вчера на Твитер.

Коалицијата ги повика Венецуелците да се обединат против диктаторот и побара меѓународна помош во кампањата против Мадуро.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски