Опозицијата во Венецуела бара докази дека Чавес е жив

Од:

Венецуелскиот опозициски лидер Енрике Каприлес побара докази дека претседателот Уго Чавес е жив, поради тоа што шефот на државата не се појавил во јавноста, откако беше опериран по четврти пад од рак во Куба пред пет недели.

Потписот на Чавес се појави вчера на указот во Службениот весник, со кој се назначува нов министер за надворешни работи.

– Ако претседателот може да потпишува укази, го повикувам да се појави и да и се обрати на Венецуела. Тој треба да ни каже што се случува во Владата, бидејќи сега немаме нормално управување во Венецуела, истакна Каприлес при стапување на должноста за нов мандат како гувернер на сојузната држава Миранда.

Според венецуелските власти 58-годишниот Чавес закрепнува од компликациите, кои настанале по четвртата операција, на која беше подложен на 11 декември во Хавана.

Повеќето Венецуелци се сомневаат дека Чавес е на смртна постела или дека е тешко болен, поради што не може да им се врати на должностите по 14 години минати на функцијата претседател на државата, која е богата со нафта.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски