Опозициските партии во Јужна Кореја доставија до Парламентот резолуција за импичмент на претседателката Парк Геун-хе, јави ТАСС.
Гласањето по барањето за импичмент ќе се одржи на 9 декември. Резолуцијата е поддржана од 171 пратеник, меѓу кои претставици на опозицијата и независните.
Владејачката партија в четвртокот се огласи за оставка на претседателката во април 2017 година, но опозицијата бара таа веднаш да ја напушти функцијата. За да се оствари тоа барање на опозицијата и се потребни 200 гласови од вкупно 300 пратеници во Националното собрание.
Во телевизиско обраќање до нацијата Парк Геун-хе ирази подготвеност да се повлече, кога ќе бидат создадени неопходните политички услови за тоа.
Парл Геун-хе е обвинета за прикривање на нејзината блиска пријателка Чои Сон-сил, која е цо центарот на корупциски скандал.
Чои Сон-сил е уапсена на почетокот на месецот за злоупотреба на власта и изнудување и е обвинета дека ги користела своите пријателски врски со претседателката за да извлекува средства од државни компании.
Претседателката е обвинета поради премолчување на криминалните дела на нејзината пријателка, како и за тоа дека и дозволила да се меша во државите работи.
Скандалот околу блиската соработничка во сенка на јужнокорејската претседателка го принуди претседателството уште минатиот месец да го појасни купувањето на значителна количина вијагра.
Новиот елемент од скандалот веднаш го привлече вниманието на јужнокорејските медииуми, кои пројавија интерес за личниот живот на Парк Геун-хе, нејзините пријателски врски со Чои Сон-сил и нејзиниот покоен татко Чои Тае-мин, кој беше шамански верски лидер.
Пратеник од опозицијата откри дека минатата година претседателството купило неколку стотици апчиња, кои се користат за лекување на проблеми со ерекцијата, вклучувајќи и „Вијагра“ и генеричката верзија на лекот.
Во екот на медиумската бура, која се појави со откритието, портпаролот на Пак појасни дека апчињата биле купени за справување на висинска болест за време на посетата на претседателката во мај 2015 година на некои африкански земји.
Апчињата биле наменети за помошници и службеници на претседателката за време на посетата на Етиопија, Уганда и Кенија, чии главни градови се наоѓаат на голема надморска височина.
– Ги купивме за тоа патување, но не сме ги искористиле, изјави портпаролката и додаде дека лековите имаат и други терпевтски дејства поврзани со лекување на висинска болест.
Шеесет и четири годишната Парк не е мажена и не е познато дали има партнер.
Претседателските служби изминатите години купувале исто така стотици екстракти од човечка плацента и витамини за инјектирање, користени претежно за детоксикација и подмладување.