ОПЦВ: Исламистите се способни да го нападнат Западот со иперит

Од:

Екстремистите од Исламска држава, кои се враќаат во европските земји од Сирија, се способни за изведување напади со боевиот отров иперит, откако во воените зони научиле како да го употребат, изјави на безбедносна конференција во Париз директорот на Одделението за верификација на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ), Филип Деније.

Во истрагата, што ОН и ОПЦВ ја завршиле во октомври, било заклучено дека силите на сириската Влада се одговорни за нападите со хлор, а дека Исламска држава го користела иперитот, боев отров чиј мирис потсетува на мирисот на сенф.

– Една од опасностите со кои мораме да се соочиме и да имаме подготвен одговор, со оглед на тоа дека Исламска држава научи како се прави иперит, е тоа дека едно од лицата кои тоа го научиле може да се врати во една од нашите земји и да помогне во изведување на сличен напад, изјави Деније на конференцијата.

Британски медиуми наведуваат дека западните претставници се повеќе се загрижени дека Исламска држава, која се бори да ги зачува териториите што ги зазеде во Сирија и Ирак, ќе ги повика следбениците и џихадистите кои се враќаат од овој регион во своите матични земји, да ги засилат нападите на Запад.

Би можело да ве интересира

Претреси во четири германски сојузни покраини, акција против радикалните исламисти

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска