Амбасадата на САД во Авганистан повикувајќи се на специфична и веродостојна закана апелира до американските државјани да ја напуштат околината на аеродромот во Кабул.
Предупредувањето од Амбасадата уследи неколку часа откако американскиот преседател Џо Бајден изјави дека во следните 24 до 36 часа можни се нови напади врз аеродромот во Кабул.
Претходно, портпаролот на талибанците Забихула Муџахид изјави дека припадниците на движењето држат поединечни позиции на аеродромот во Кабул и оти се подготвени мирно да ја преземат контролата кога ќе се повлечат американските војници.
Талибанците распоредија дополнителни сили пред аеродромот во Кабул за да спречат собирање на поголеми групи луѓе по бомбашкиот напад на 26 август, при што загинаа 13 американски војници и и 169 Авганистанци.
Американските трупи се во завршна фаза на евакуација од Кабул, а над илјада цивили чекаат да се евакуираат пред повлекувањето на војниците.
Американски неименуван претставник изјави дека на аеродромот во Кабул има помачку од 4.000 војници.
САД и сојузниците од Авганистан за две недели евакуираа околу 113.500 луѓе од Авганистан.