ОН загрижени заради врбувањето се повеќе деца за војници во Сирија

Од:

Сириската армија како и бунтовниците, врбуваат деца кои се борат на нивна страна во граѓанската војна, се вели во документ на ОН.

Во него се додава дека дел од децата се подложени на измачување заради наводни врски со сириската опозиција. Извештајот е на специјалнито пратеник на Бан за децата и вооружените конфликти, Лејла Заруги која ја посетила Сирија во декември.

Таа тврди дека во конфликтот неколку илјади деца се убиени, а голем број виделе како се убивани или измачувани членови на нивни семејства.

Во документот се потенцира дека во Сирија насилствата врз деца од страна на владините сили кои сакаат да добијат информации за опозицијата, расте.

Момчиња се измачувани за да дадат изјава пред силите на режимот за врски со опозицијата. Најчесто насилниците се од сириската армија и сириското разузнавање. Сириските бунтовници врбуваат деца на возраст од 15 до 17 години за да учествуваат во судирите. Често тоа се сирачиња или имаат роднини во сириските опозициски воени единици.

Во извештајот се вели дека деца се врбувани од владини сили или групи и се убивани или повредувани во конфликтите во Авганистан, Чад, ДР Конго, Сомалија, Судан, Јужен Судан и Јемен. Слична судбина имаат и деца кои се врбувани од вооружени групи во Мали, Колумбија, Филипини, Мијанмар, Ирак и Централноафриканската држава.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа