ОН загрижени за безбедноста на службениците во Сирија

Од:

Помошничката на генералниот секретар на ОН, Валери Амос, изрази загриженост за 4.500 службеници на светската организација, во случај на воена интервенција во Сирија.

-Продолжуваме да ги ажурираме и спроведуваме нашите неизвесни планови, рече Амос, пренесе „Франс прес“.

Според нејзините зборови, ОН има обврска да продолжи со хуманитарни операции во Сирија.

-Нашите главно, сириски работници, сакаат да продолжат со работа за доброто на своите сонародници, но во исто време тие се свесни за состојбата, која што би можело да се случи, на нив и нивните семејства, поради каква било евентуална, воена акција, неведе Амос.

Таа додаде дека веќе разговарала со официјални лица од владата на сирискиот претседател Башар ал Асад, за непречено движење на конвои, дотур на хуманитарна помош, и визи за хуманитарците.

Амос истакна и дека, службениците на Агенцијата на ОН, и приватните хуманитарни групи веќе имаат проблем да пристигнат до повеќе области во Сирија.

Во текот на дваесет и деветмесечната граѓанска војна, во Сирија животот го загубија повеќе од 100.000 лица меѓу кои 11 службеници на светски организации.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск