ОН: Војната во Сирија избега од контрола

Од:

Високата комесарка на ОН за човекови права, Нави Пилај денес нагласи дека граѓанската војна во Сирија избега од контрола и дека претставува голем неуспех за заштита на цивилите.

Таа наведе дека воените злосторства против луѓето рутински се случуваат во Сирија, каде што странски борци ги преминуваат границите за да ги подржат и двете страни и да го дестабилизираат регионот.

Советот на ОН за човекови права ја разгледува нацрт резолуцијата која повикува на истрага за наводни злоупотреби на владините сили, борците на Хезболах, во Сиријскиот град Кусаир, во близина на Либан.

Нацрт резолуцијата која што ја бараа САД, Турција и Катар предвидува поголем пристап на помош и заштита на цивилите.

Властите во Русија објавија дека резолуцијата ги опструира плановите за мировни преговори идниот месец во Женева.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск