ОН: Употребата на хемиско оружје би била страшно злосторство

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун „и натаму е уверен дека употребата на хемиско оружје на било која страна во Сирија под било кои околности претставува страшно злосторство“, соопшти светската организација.

Сириската Влада и бунтовниците кои против неа се борат, вчера меѓусебно се обвинуваа за употребата на хемиското оружје во близина на Алепо, на северот на Сирија, првпат од избивањето на судирите во земјата пред две години.

Бан и Ахмет Измиџи, генерален директор на Организацијата за забрана на хемиско оружје „многу се загрижени поради наводната употреба на хемиско оружје во Сирија“, наведоа ОН во соопштение по нивната средба.

Портпаролот на ОН Мартин Несирки рече дека „ОН се запознаени со извештајот“ дека во Сирија се користи хемиско оружје, но „дека не се во можност да ја проверат таа информација“.

Во меѓувреме, Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека денеска ќе испрати залихи на лекови и медицинска опрема во сирискиот град Алепо, но не можеше да потврди дали таму е употребено хемиско оружје или некој друг отров.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска