ОН: Топлотниот бран се движи кон Источна Европа

Од:

Многу е рано да се каже дали гориштините, кои ја погодија Западна Европа и се движат кон исток, се поврзани со климатските промени, соопшти денеска Светската метеоролошка организација.

– Топлотниот бран продолжува. За да заклучиме дека тоа се должи на климатските промени потребни ни се повеќе детали и анализи, премногу е рано да се тврди тоа, изјави портпаролката на специјализираната служба на Обединети нации, Клер Налис.

Таа посочи дека експертите прогнозираат во наредните години да зачестат топлотни бранови, како и да бидат подолги и посериозни.

– Ќе биде многу топло уште неколку денови. Но, Европа сега е подобро подготвена отколку во 2003 година. Топлотниот бран се очекува бавно да се придвижи кон Источна Европа, посочи Налис.

Во понеделникот Швајцарија и Полска објавија тревога од четврти степен (од петте можни) поради топлото време.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов