Директорот на Организацијата за сеопшта забрана на нуклеарни проби во рамки на Обединетите нации, Ласина Зербо изјави дека тестирањето на хидрогенска бомба извршено од Северна Кореја, доколку се потврди како точно, ќе претставува нарушување на меѓународниот договор за забрана на тие тестирања и голема закана за светскиот мир и безбедност.
Зербо преку соопштение истакна дека сеопшто прифатениот ангажман да не се спроведуваат нуклеарни проби се почитува од 183 држави од 1996 година.
Директорот на Организацијата, која врши светски мониториг на нуклеарните проби, изјави дека рано изутрината била регистрирана „невообичаена сеизмичка појава на Корејскиот Полуостров“ и ги посочи нејзините координати.
Тие се совпаѓаат со нуклеарниот полигон за тестирање Тончхан-ри, на 49 километри северно од крадот Килаџу во североисточните планини на земјата. Таму биле извршен сите нуклеарни проби на Северна Кореја досега.
Советот за безбедност на ОН ќе одржи денеска вонредна седница поради тврдењата на Северна Кореја дека тестирала хидрогенска бомба, јави ТАСС.
Точното време на седницата се уште не е потврдено, но седницата сигурно ќе биде одржана, изјави претставник на СБ.