ОН: Светското население ќе достигне речиси 11 милијарди до 2100 година

Од:

Светското население, кое сега брои 7,2 милијарди луѓе, се очекува до 2025 година да достигне 8,1 милијарда, 9,6 милијарди во 2050 година и 10,9 милијарди во 2100 година, се наведува во извештајот на Обединетите нации.

Просечната возраст на населението, исто така, бележи тренд на брз раст. Бројот на луѓе на возраст од 60 години нагоре најверојатно ќе се зголеми над трипати до 2100 година, од 841 милион луѓе денес, до 2 милијарди во 2050 година и речиси 3 милијарди во 2100 година.

Бројот на луѓе на 80 и повеќе години ќе се зголемат за 7 пати до крајот на векот, односно ќе бројат околу 830 милиони наспроти сегашните 120 милиони. Две третини од нив ќе живеат во развиените земји.

Според извештајот под наслов „Светските демографски перспективи, корегирана 2012“ Африка ќе обезбеди над половина од светскиот раст на населението. Од сегашните 1,1 милијарда жители Африка во 2050 година ќе има 2,4 милијарди и над 4,2 милијарди жители во 2100 година.

Во останатиот дел од светот се очекува населението да се зголемува за 10 проценти во периодот меѓу 2013 и 2100 година. Населението на Европа ќе се намали за 14 проценти во тој период.

Се очекува Индија да ја надмине Кина како земја со најголем број жители во светот околу 2028 година со 1,45 милијарди жители, а во 2100 ќе има 1,5 милијарди наспроти Кина со 1,1 милијарда жители.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство