ОН: Сирија ќе пристапи кон Конвенцијата за забрана на хемиското оружје на 14. октомври

Од:

ОН соопштија синоќа дека ги добиле сите неопходни документи за присоединување на Сирија кон Конвенцијата за забрана на хемиското оружје и оти договорот ќе стапи во сила на територијата на земјата на 14 октомври.

Портпаролот на ОН Мартин Несирски истакна дека генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун добил официјален документ од Сирија за присоединување кон договорот.

Портпаролот додаде дека Бан Ки-мун го поздравил тој чекор на Дамаск.

– Конвенцијата ќе стапи во сила за Сирија на 30-от ден по датумот на депонирање на тој документ за присоединување, а тоа е 14 октомври 2013 година, се наведува во соопштение на прес-службата на ОН.

Дамаск уште во четвртокот испрати писмо до ОН, во кое изрази согласност да се присоедини кон Конвенцијата за забрана на хемиското оружје и да ги почитува нејзините одредби.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа