ОН се сомнева во легалноста на израелскиот напад на Газа

Од:

Високата претставничка на ОН за човекови права, Нави Пилај изрази сомнеж дека Израел со воените операции во појасот Газа го прекршува меѓународното право, кое не дозволува напад на цивили и ги повика двете страни да ги почитуваат правилата на војување.

– Меѓународното право бара од Израел да ги преземе сите мерки, со цел нападите да бидат пропорционални, со што би се избегнале цивилни жртви, истакна Пилај.

Таа додаде дека имаат информации, кои велат дека голем број цивилни жртви, меѓу кои и деца настрадале во нападите на нивните куќи.

-Таквите податоци предизвикуваат сомнеж дека израелските напади не се во рамките на меѓународното хуманитарно право и меѓународните закони за човекови права, изјави таа.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Дејвид Камерон: Поддршката на Велика Британија за Израел зависи од почитувањето на меѓународното право

САД: Револтирани сме од израелскиот напад во кој беа убиени хуманитарни работници

Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно