ОН: Рекорден број имигранти во Европа од Медитеранот во првата половина од годината

Од:

Рекорден број имигранти, 137 илјади пристигнале од Средоземното Море во Европа во првата половина на годината, се наведува во денеска објавениот извештај на високиот комесар за бегалци на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Во документот се наведува дека тоа е драстично зголемување од 83 отсто во однос на истиот период минатата година. Повеќето од тие имигранти тргнале на ризично, а често пати и смртоносно патување со небезбедни бродови за да избегаат од конфликтите во своите земји.

Ситуацијата би требало да се влоши со подобрувањето на метеоролошките услови во текот на летото, кога се активираат активностите на трговците со луѓе.

Во 2014 година 219 илјади имигранти го минале Средоземното Море, а во првата половина на 2014. таа бројка изнесувала 75 илјади.

– Европа е соочена со криза со бегалци, кои доаѓаат од море и која доби историски размери, се наведува во извештајот на Гутереш.

– Поголемиот дел од луѓето кои пристигнуваат по море во Европа се бегалци, кои бараат заштита од војни и прогонувања, се вели во документот.

Најголемиот дел од бегалците преку Средоземното Море стигнале до Италија и Грција, а една третина од нив доаѓаат од Сирија, која е опустошена од граѓанска војна. Дванаесет отсто од имигрантите се од Авганистан и Еритреја.

Останатите држави од кои доаѓаат најголемиот број бегалци се Сомалија, Нигерија, Ирак и Судан.

Во документот се наведува дека 1.867 од нив починале при ризичните патувања преку Средоземното Море.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо