ОН размислуваат за мировна мисија во Мали и „паралелни сили“ за борба со исламистите

Од:

ОН размислува за создавање мировна мисија во Мали со бројност од 11. 200 лица, која, меѓутоа, ќе има потреба од „паралелни сили“ за борба со исламистичките екстремисти, се наведува во изваштај на генералниот секретар Бан Ки-мун, цитиран од француските медиуми.

Потребата од „паралелни сили“ со непрецизирана природа изгледа покажува дека ОН сакаат да го зачуваат француското воено присуство како поддршка на нејзината мисија за стабилизација.

Во текстот децидно не се споменуваат француските војници, туку „паралелните сили“ се претставени како една од двете можни варијанти, што ќе се разгледаат од Советот за безбедност.

Втората варијанта е зацврстување на политичката мисија на ОН во Мали, а безбедноста ќе се преземе од панафриканските сили (Мисма).

Пред разместувањето на сините шлемови ќе треба прво „да се создадат потребните политички услови и безбедносни услови“, што ќе се проценат од генералниот секретаријат на ОН, се подвлекува во текстот на извештајот.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска