ОН: Продолжува егзодусот на Рохинџите

Од:

Обединетите Нации денеска предупредија дека егзодусот на Рохинџите од Мјанмар во Бангладеш продолжува, шест недели по стартот на масовните бегства на припадниците на оваа муслиманско малцинство.

Повеќе од 515.000 Рохинџи досега пристигнаа во Бангладеш од мјанмарската провинција Рахин, бегајжи пред воените операции на мјанмарските безбедносни сили.

Воената операција ОН ја опиша како етничко чистење, меѓутоа Мјанмар инсистира дека нејзината војска се бори против терористите кои убиваат цивили и палат села.

Потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања Марк Лукок го повтори апелот за запирање на кризата и рече дека сегашната ситуација е „неприфатлива“.

– Доаѓањето на бегалците од Мјанмар не престанува. Таму се уште има стотици илјади Рохинџи и сакаме да бидеме подготвени во случај егзодусот да продолжи, рече Лукок на прес-конференција во Женева.

Според него, во наредните неколку дена официјален претставник на ОН треба да го посети Мјанмар.

Како што соопшти ОН, секојдневно во Бангладеш пристигнуваат во просек по околу 2.000 Рохинџи, додека официјални претставници на Мјанмар наведуваат дека се обиделе да ги убедат луѓето кои не се државјани на оваа земја да не одат во Бангладеш, но дека сепак не можеле да ги спречат.

Мјанмарската државна новинска агенција денеска јави дека голем број муслимани се подготвуваат да ја поминат границата. Како причини за заминувањето, според истиот извор, тие ги наведуваат тешкиот живот, здравствени проблеми, несигурност и страв дека ќе станат малцинство.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска