Обединетите нации предложија хуманитарно примирје во западниот дел на Либија, каде се водат жестоки борби меѓу завојуваните милиции.
Мисијата на ОН во Либија предлага прекин на воените операции во регионите на Кекла и Ал Кала во западниот дел на земјата на најмалку четири дена, со цел да се овозможи доставување на хуманитарна помош.
Од соборувањето на либискиот лидер Моамер Гадафи во 2011 година, различни милиции, кои се бореа против него сега се борат за власта во земјата, која е западната во хаос.