ОН повикаа на глобална координација за одбрана од астероиди

Од:

Обединетите нации денеска повикаа за формирање на Меѓународна мрежа за мониторирање на заканите од астероиди и други објекти што се блиску до Земјата, пренесе ДПА.

Експертите од канцеларија на ОН за вселенски работи (UNOOSA) на состанокот во Виена изјавија дека ги предложиле условите за таквиот кординиран одговор и формираа две работни групи што ќе водат сметка за одбраната против големите објекти што ќе се закануваат да удрат во Земјата.

-Ние треба тоа да направиме подобро и за тоа треба самите да се подготвиме, изјави Линдли Џонсон, која ја раководи програмата на НАСА за вселенски објекти во близина на Земјата.

Состанокот во Виена се оддржува во момент кога се обнови фокусот врз опасноста од големи вселенски тела, што следеше по минатонеделниот удар на метеорит во Русија и минување на астериод крај Земјата.

Со оглед на фактот дека метеоритот во Русија направи дијаметар од 15 метри, UNOOSA се подготвува за објекти што се дури и поголеми од еден километар и можат да предизвикаат глобални последици на местата каде што можат да удрат.

Како и да е, не постои ризик дека тоа може да се случи во следните 100 години, порачуваат ексопертите на ОН.

Покрај ова, планерите на новата мрежа и експертските групи ќе ги оценуваат надоаѓачките закани и ќе ги информираат земјите околу можните одбранбени сценарија, изјави експерто на UNOOSA, Серџо Камачо.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска