Советот за безбедност на ОН синоќа повика за итно воспоставување на регионална воена координација на операциите, со цел за поефикасна борба против терористичката група Боко Харам во Нигерија и соседните земји.
СБ на ОН во декларацијата изразува длабока загриженост што „Боко Харам“ го поткопува мирот и стабилноста во регионот на Западна и Централна Африка.
Земјите-членки на Советот остро ја осудија ескалацијата на напади на Боко Харам во Нигерија и врз војници на армијата на Чад, распоредени во соседен Камерун за борба против терористичката група.