ОН посредуваат за примирје меѓу завојуваните фракции во Триполи

Од:

Делегација на ОН денеска во Триполи почна преговори во обид за постигнување примирје меѓу ривалските вооружени групи, кои либискиот главен град го претворија во бојно поле во досега најжестоките судири од падот на режимот на Моамер ел Гадафи пред три години.

Делегацијата ја раководи претставник на мисијата на ОН во Либија (УНСМИЛ). Нејзината цел е паралелно со прекинот на судирите, да им помогне на жителите протерани од нивните домовете и да го олесни недостигот од храна и гориво, се наведува во соопштението на сајтот на УНСМИЛ.

Во него се подвлекува дека Мисијата тесно соработува со меѓународната заедница за постигнување трајно и стабилно примирје.

Ситуацијата во Триполи вчера и денеска е забележително помирна. Тоа се најмирните денови од избувнувањето на судирите меѓу происламистичките бригади „Мисрата“ и борците на западниот град Зинтан, кои го контролираат аеродромот.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство