ОН полиција: Корона кризата ќе ја зголеми трговијата со луѓе

Од:

Полициската агенција на Обединетите нации предупреди дека порестриктивните мерки за спречување на ширењето на Ковид-19 ќе доведат до долгорочно зголемување на трговијата со луѓе, пренесува „Гардијан“.

Во својот последен извештај, Канцеларијата на ООН за дрога и криминал (УНОДЦ) анализира потенцијални сценарија за тоа како кризата може да влијае на трговијата со луѓе и криумчарењето, кое продолжува и покрај затворањето на европските земји. Иако бројот на движења на одредени рути е намалено, затворањето на границите веројатно ќе ја зголеми побарувачката за услуги на криумчарење за да им се овозможи на луѓето да ги преминат границите.

„Според истражувањето на УНОДЦ, од анализа на претходното влијание на економијата врз трговијата со луѓе покажува дека нееднаквото закрепнување од глобалната економска криза ќе го зголеми ризикот од експлоатација на луѓе кои бараат подобар живот во странство. Ова би можело да биде уште подраматично ако економскиот пад е комбиниран со построго регулирање на движењето“, велат од агенцијата.

Овие негативни влијанија можат да се намалат со инвестирање во економско закрепнување, како во развиените, така и во земјите во развој, како и со обезбедување на безбедни патишта за легално патување за бегалците и мигрантите, како и со легалниот статус на имигрантите во одредишните земји, се додава во извештајот.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Стејт депратмент: Северна Македонија не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе