Стејт депратмент: Северна Македонија не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе

Од:

Северна Македонија не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе, но прави значителни напори да го стори тоа. Владата покажа зголемени напори во споредба со претходниот период, имајќи го предвид влијанието на пандемијата COVID-19 врз нејзиниот капацитет, се истакнува во Извештајот на американскиот Стејт департмент за трговијата за луѓе за 2023 година.

Како што се наведува, презмени се мерки за спроведување на законот, вклучително и истраги, гонење и осудување на повеќе трговци со луѓе.

– Владата формираше Оперативен тим за идентификација на жртви на трговија со луѓе (OTITV) за полесно да ги препознае потенцијалните жртви и да помогне во координирањето на грижата за жртвите. Владата го усвои Законот за компензација на жртвите на насилен криминал, со кој на жртвите на трговија со луѓе им се обезбеди право на компензација и ги зголеми ресурсите на прифатилиштето за жртви на трговија со луѓе (засолништето) управувано од НВО. Сепак, владата не ги исполни минималните стандарди во неколку клучни области. Владата идентификуваше значително помалку жртви, а Обвинителството за организиран криминал и корупција немаше доволно ресурси за да се справи со сите случаи под нејзина јурисдикција, пишува во извештајот.

Некои окружни обвинители не пријавиле потенцијални случаи на трговија со луѓе до Обвинителството и применувале мерки како за полесни кривични дела во гонење на трговците со луѓе.

– Владата го зголеми финансирањето на засолништето, но тоа покрива само мал процент од оперативните трошоци на засолништето. Слично на тоа, владата не додели средства за мобилни тимови кои ги идентификуваат повеќето потенцијални жртви секоја година, и покрај преземените обврски да го сторат тоа. Локалната полиција и некои гранични службеници не ги проверуваа индикациите за трговија со луѓе и, како резултат на тоа, властите веројатно депортираа некои неидентификувани жртви на трговија со луѓе без упатување до соодветни служби или заштитни мерки за да се спречи повторната трговија со луѓе. Националниот известувач немаше овластување, ресурси и законски мандат систематски да ги следи и оценува напорите за борба против трговијата со луѓе, оценува Стејт департментот.

Во извештајот се наведени и препораки за земјата за засилување на борбрата против трговијата со луѓе.

– Енергично истражувајте, гонете и осудувајте трговци со луѓе, вклучително и службеници соучесници, и барајте соодветни казни, вклучувајќи, доколку е соодветно, значителни затворски казни. Доделете доволно ресурси за заштита на жртвите, вклучително и за мобилните тимови за идентификација, засолништето за жртви на трговија со луѓе и за поддршка на специјализирани услуги за возрасни машки жртви. Зголемете ги проактивните напори за идентификација на жртвите на трговија со луѓе и постојано проверувајте за трговија со луѓе меѓу поединци во активности поврзани со проституција, мигранти, бегалци и други ризични популации. Неопходни се повеќе ресурси на полицијата и обвинителството за проактивна истрага на трговијата со луѓе и навремено гонење на случаите, се вели во препораките.

Стерјт департментот препорачува и да се обезбеди сместување за потенцијалните странски жртви на трговија со луѓе во безбедни и соодветни услови и да им се дозволи на жртвите да ги напуштат засолништата по желба. Да се овозможи алтернативно домување за жртвите кога засолништето е полно, да се организира напредна обука за судии, обвинители за спроведување на законот за истраги и гонење на трговија со луѓе, да се подобрат механизмите за компензација на жртвите, а националниот известувач да се овласти успешно да ги следи и оценува напорите за борба против трговијата со луѓе.

Би можело да ве интересира

ЕК: Повеќе од 7.000 луѓе се жртви на трговија со луѓе во ЕУ секоја година

А1он

Oткриени повеќе од сто можни случаи на трговија со луѓе во Белгија

А1он

Стејт департмент: Македонија не ги исполнува до крај минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе

Во Централна Америка уапсени 45 шверцери на луѓе

Светски ден за борба против трговија со луѓе: Во С. Македонија трговијата со луѓе за сексуална експлоатација е доминанта форма, се реактивираат Мобилните тимови

Ана Ололовска

Објавен извештајот на Стејт департментот за трговијата со луѓе во светот

Ана Ололовска