ОН подготвени последен пат да помогнат за обнова на Газа

Од:

ОН се подготвени да ја помогнат обновата на Појасот Газа последен пат, предупреди денеска генералниот секретар на светската организација Бан Ки-мун.

Отворајќи го специјалниот состанок на Генералното собрание на ОН, Бан апелираше на траен мир, во момент кога 72-часовниот хуманитарен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас се одржува втор ден по ред.

– Безумниот циклус на страдања во Газа и на Западниот Брег, како и во Израел, мора да се оконча, рече Бан.

По три војни во Газа во последните шест години, Бан предупреди дека трпението на светот со Израелците и Палестинците е на испит.

– Дали мораме да продолжиме така – гради, уривај и гради и уривај?, запраша Бан. Тој додаде оти повторно ќе градат, но ова мора да биде последен пат – да се обновува. Ова мора сега да престане. 

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Дејвид Камерон: Поддршката на Велика Британија за Израел зависи од почитувањето на меѓународното право

САД: Револтирани сме од израелскиот напад во кој беа убиени хуманитарни работници

Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно