ОН почнаа најголемо испитување на јавното мислење во светот за климатските промени

Од:

ОН почнаа најголемо испитување на јавното мислење во светот за климатските промени

Познати личности и младински активисти денеска имаа средба со претставници на ОН, претставници на влади и на невладиниот сектор, со што почна кампањата “Мисија 1.5” чија цел е да ги приближи ставовите на граѓаните и владите во однос на сеопфатните активности против климатските промени.

“Мисија 1.5” има за цел да им даде можност на 20 милиони луѓе од целиот свет да го кажат своето мислење, да дадат предлози за начините за намалување на климатските промени кои сакаат да бидат усвоени од владите во нивните земји, соопштија од УНДП.

Со кампањата, водена од Програмата за развој на ОН “УНДП”, треба да се надминат разликите меѓу граѓаните и владите, прашање кое се повеќе е во фокусот на јавното мислење на граѓаните низ целиот свет, често проследено со училишни штрајкови и масовни протести.

Во основата на кампањата е видео игра на интернет која може да се инсталира на мобилен телефон, и е направена од “УНДП” со помош на експерти за игри, експерти за климатски промени и за анкети за испитување на јавното мислење.

Во играта, учесниците имаат улога на креатори на политики за климатски прашања кои донесуваат одлуки со кои глобалното затоплување ќе се контролира под границата од 1,5 степени Целзиусови.

Од учесниците ќе биде побарано да гласаат за клучни активности поврзани со климатската акција кои тие би сакале да бидат усвоени. Резултатите ќе бидат анализирани и предадени на владите, кои често немаат пристап до соодветни информации за тоа што мисли јавноста за климатската акција.

Во претходното најголемо меѓународно истражување на јавното мислење за климатските промени учествуваа 10.000 луѓе од 76 земји и беше спроведено пред разговорите за климатските промени предвидени со агендата Париз 2015.

„Заедно со нашите партнери од приватниот и јавниот сектор, имаме можност преку оваа кампања да поврземе милиони луѓе со нивните влади и да ги вклучиме во иновативна, двонасочна дискусија околу решенијата за климатските промени и да ги подигнеме очекувањата од разговорите за климатските промени “COP26” кои ќе се одржат во Глазгов оваа година“, се наведува во изјавата на администраторот на УНДП, Аким Штајнер во врска со глобалната кампања.

“Мисија 1.5” е развиена од “УНДП” и партнерите како онлајн платформа која ги подучува луѓето околу климатската акција и ги поврзува со нивните влади и креатори на политики.

Кампањата се вика “Мисија 1.5” бидејќи мора да се одржи лимитот на глобалната температура под 1.5 степени Целзиусови.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов