ОН: Отфрлена руско-кинеската нацрт резолуција за Сирија

Од:

Повеќето членки на Советот за безбедност на ОН ја отфрлија руско-кинеската нацрт резолуција за решавање на ситуацијата во сириската провинција Идлиб.

Вкупно девет земји гласаа против документот што го предложија Русија и Кина, а воздржани биле Брегот на Слоновата Коска, Екваторијална Гвинеја, Јужна Африка и Индонезија.

Со нацрт резолуцијата се повикуваат ОН да го поддржат примирјето од 31 август во Идлиб и се нагласува дека прекинот на огнот не може да опфати операции против преостанатите терористички групи кои се активни во Сирија.

Претходно, Русија и Кина гласаа против резолуцијата на Белгија, Германија и Кувајт за прекин на огнот во Идлиб. „За“ резолуцијата гласаа 12 земји членки Советот за безбедност на Обединети нации.

Според нацрт резолуцијата на Белгија, Германија и Кувајт, сите страни се повикуваат на прекин на огнот на 21 септември на пладне по сириско време. Со документот се бараше и почитување на меѓународното хуманитарно право и обезбедување на хуманитарен пристап.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск