ОН: Околу 20.000 имигранти би можеле до есен да загинат во Средоземно Море

Од:

Околу 20.000 луѓе би можеле до есен да загинат во Средоземно Море доколку не бидат итно усвоени мерки кои ќе го решат проблемот со масовните смртни случаи на имигрантите кои одлучиле да пристигнат до бреговите на Европа, соопшти денеска висок претставник на ОН.

Питер Сатерленд, претставник на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, ја пофали Италија поради спасувањето на имигрантите во операцијата „Маре нострум“ и „Тритон“.

Италијанската почетна програма за спасување „Маре нострум“ е заменета во ноември минатата година со операцијата „Тритон“, на европско ниво, која е спроведена од агенцијата „Фронтекс“.

Поволните временски услови во текот на оваа пролет, кои се предвидуваат и за летните месеци, ќе придонесат, според прогнозата на италијанското Министерство за внатрешни работи, во текот на 2015 година во оваа земја да пристигнат дури 200.000 имигранти, што ќе биде 30.000 повеќе отколку минатата година.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо