ОН: Ниту една држава нема остварено родова еднаквост

Од:

Дваесет години откако 189 држави го прифатија планот за постигнување еднаквост меѓу мажите и жените, ниту една земја не оствари родова еднаквост, изјави денеска директорката на Агенцијата на ОН за права на жената Пумзиле Мламбо Нгчука.

Иако по конференцијата на Агенцијата на ОН во Пекинг 1995 година е остварен напредок, особено во областа на здравјето на жените и образованието на девојчињата, денеска помалку од 20 жени се на чело на држава или влада, а бројот на пратенички е зголемен од 11 на само 22 проценти во изминатите две децении.

Мламбо Нгчука во интервју пред Денот на жената, истакна дека недоволната вклученост на жените во носењето одлуки и насилството над жените претставува глобален феномен како резултат на машката доминација во светот, што мора да се промени за остварување на еднаквост на мажите и жените.

Платформата од Пекинг повикува владите да се справат со дискриминацијата над жените и елиминирање на родовата нееднаквост во 12 критични области, вклучително здравство, образование, вработување, учество во политика и човекови права.

Мламбо Нгчука предупреди дека прашањето за сексуалните и репродуктивни права, се уште предизвикува контроверзии во преговорите на ОН. Според неа светските лидери мора да почнат да зборуваат крајно гласно и отворено против сексуалното насилство и негирање на женските права, а подобрување на родовата еднаквост мора да биде во врвот на нивната агенда.

Следната недела ќе се одржи состанок на Комисијата за статус на жената, што ќе ја преразгледа платформата за акција на 150 страници со цел за постигнување на родова еднаквост, усвоена на конференција на Агенцијата за права на жената во Пекинг 1995 година.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство