ОН најавија поддршка на борбата на Нобеловката Малала Јусафзаи

Од:

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун го поздрави доделувањето на Нобеловата награда за мир на Пакистанката Малала Јусафзаи и на Индиецот Кајлаш Сатјарти и вети поддршка на нивната борба за правата на децата.

– Лауреатите добија заслужена награда, од која полза ќе имаат децата во целиот свет, изјави Бан.

Нарекувајќи ја  Малала „ќерка на ОН“, Бан најави дека Светската организација ќе ја поддржи нејзината борба против екстремнизмот и за „заштита на правата на сите девојчиња за живот без насилство, за одење во уилиште и за стекнување образование“.

Седуманесетгодишната Јусафзаи е најмалдиот добитник на Нобеловата награда за мир досега. Таа уште од 11-годишна возраст преку нејзиниот блог започна со критки против обидите на талибанците за воведување на шеријатските закони во областите под нивна контрола. Поради тоа, таа беше нападната од група талибанци и застрелана во главата.

Малала го преживеа нападот и стана симбол на борбата против талибанците и за заштита на правата на девојчињата во конзервативните муслимански општества.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство