ОН : Над 600.000 Сиријци имаат потреба од итна хуманитарна помош

Од:

На нaд 600.000 лица во Сирија итно им е потребна хуманитарна помош, соопшти агенцијата на ОН за хуманитарна помош.

Значителен дел од лицата на кои им е потребна хуманитарната помош се наоѓаат во тешко достапните зони во околината на Дамаск, вклучувајќи ги реоните нападнати со хемиско оружје и оние што веќе неколку месеци се под опсада, се додава во соопштението.

Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) соопшти дека не можел да стигне до зоните, ниту до жртвите на веројатните хемиски напади и покрај многубројните обиди.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа