ОН: Можно е двете страни во сирискиот конфликт да користеле хемиско оружје

Од:

Постојат индиции дека двете страни во сирискиот конфликт „можеби користеле хемиско оружје“, се вели во извештајот на Обединетите нации објавен денеска.

Во извештајот се забележува дека има основа да се верува оти во четири ситуации во текот на март и април годинава во Сирија било користено хемиско оружје, но се признава дека истражната комисија на ОН не може сосема прецизно да утврди дали и какви хемиски супстанци се користени.

Комисијата на ОН и во овој извештај бара од властите во Дамаск да дозволат експертски тимови на Светсата организација да отидат во Сирија за да ги испитаат сите овие тврдења.

Комисијата посочува дека владините сили во два наврати користеле „ограничени количества отровни хемикалии“ во реонот на Алепо, како и во провинцијата Идлиб и во околните реони на Дамаск. Нема информации за тоа кога и каде сириските бунтовници користиле хемиско оружје.

Според комисијата, Сирија е зафатена со ново ниво на насилство и од двете страни, што е доволно за нивно оквалификување како воени или злосторстава против човештвото.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск