ОН ќе испрати мисија за испитување на злосторствата на „Исламска држава“ во Ирак

Од:

Советот на ОН за човекови права денеска ги осуди криминалите на групата „Исламска држава“ во Ирак, што може да претставуваат меѓународни злосторства, и одобри испраќање мисија, која ќе ги истражува, пренесоа светските агенции.

Советот усвои резолуција, што беше понудена од Франција и Ирак, но Јужна Африка соопшти дека се оградува од текстот затоа што не бил избалансиран.

-Ние сме исправени пред терористичко чудовиште, изјави на заседанието ирачкиот министер за правата на човекот Мохамед Шија ас Судани.

Според него дејствијата на „Исламска држава“ му се закануваат не само на Ирак, туку и на целиот регион и светот“.

Советот го одобри барањето на Багдад за истрага на претпоставените злосторства врз цивилите, извршени од групата, која контролира огромни територии во Ирак и Сирија.

Мисијата до март следната година треба да претстави извештај, што ќе фрли повеќе светлина врз извршените злосторства во Ирак и ќе може да се употреби како дел од евентуалната меѓународна кривична истрага за воени злосторства.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Германија

A1on

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Исламската држава го пофали терористичкиот напад во Москва

Горан Наумовски