ОН ја стави Боко Харам на црната листа

Од:

Советот за безбедност на ОН синоќа го стави нигериското движење Боко Харам на „црната листа“ на Светската организација, соопштија дипломатски извори.

Оваа одлука во пракса значи дека против исламистичката група ќе се применуваат санкции што вклучуваат замрзнување на имотот, забрана за патувања и забрана за продажба на оружје.

Нигерија досега беше воздржана во барањето помош од меѓународната заедница во борбата против Боко Харам.

Исламистичката група во април грабна повеќе од 200 ученички во слабо населеното подрачје долж границата со Камерун, Нигер и Чад. Нивната моментана локација и натаму е непозната.

Припадниците на Боко Харам се одговорни за серија вооружени и бомбашки напади во Нигерија и соседните земји.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте