ОН ја обвини ИД дека употребува хемиско оружје во Кобане

Од:

Постојаниот претставник на ОН во Сирија, Башар Џафари ја обвини џихадистичката група Исламска држава (ИД) дека употребува хемиско оружје во борбата за Кобане.

– ИД употребува оружје со хемиски боеви глави против курдските борци, кои го бранат сирискиот град, во близина на границата со Турција, истакна Џафари.

Тој изрази загриженост што земјите, кои ја обвинуваат сириската Влада за употреба на хемиско оружје и хлор, не се ни обиделе да побараат истрага за ваквата ситуација.

Џафари го повика генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун да продолжи со фокусирање на прашањето за убиството на цивили при воздушните напади на меѓународната коалиција врз позиции на ИД во Сирија.

– Се планира уништувањето на останатите 12 објекта во Сирија за производство на хемиско оружје да почне овој месец и да заврши до летото следната година, изјави постојаниот претставник на Австралија во ОН, Гари Квинлен, кој е ротациски претседател на Советот за безбедност на светската организација.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство