ОН избра поранешен министер од Гренада за нов шеф на Светската организација за климата

Од:

Поранешниот министер за климатска отпорност на Гренада, Сајмон Стил ќе биде новиот шеф на ОН за климата, објави денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Стил ќе ја преземе функцијата извршен секретар на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени на помалку од три месеци пред последниот круг преговори на средбата за климата КОП27, што ќе се одржи во Египет.

Тој на оваа функција ќе ја замени мексиканската дипломатка Патриша Еспиноза.

Пет години Стил беше министер за климатска отпорност и животна средина на Гренада, а претходно беше министер за образование и развој на човечки ресурси.

Во соопштението, Обединетите нации го нарекоа Стил „вистински специјалист за создавање креативни пристапи за нашиот заеднички глобален одговор на климатската криза“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска