ОН испраќаат помош во храна за 38 илјади жртви на поплавите во Северна Кореја

Од:

Светската програма за храна на Обединетите нации соопшти дека почнала со доставка на 460 тони пченка за жртвите на поплавите во Северна Кореја, во кои загинаа над 30 лица.

Помошта е наменета за задоволување на итните потреби од храна на околу 38 илјади лица, кои живеат во региони, каде реколтата е уништена. Секое лице ќе добие по 400 грама пченка дневно за еден месец.

Поројните дождови кон средината на минатиот месец поплавија многу делови на Северна Кореја, а во некои области само за три дена се регистрирани врнежи, кои двојно ја надминуват месечната норма.

Властите соопштуваат за 33 загинати и 18 исчезнати лица.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство