ОН го осудија нападот во Украина

Од:

Советот за безбедност при ОН остро го осуди вчерашниот ракетен напад на автобус на исток на Украина, во кој загинаа единаесет, а се повредени 20 цивили. Во едногласно соопштение на 15 членки на СБ при ОН, меѓу кои и Русија, Советот повика на спроведување истрага со цел одговорните за тој напад да бидат изведени пред лицето на правдата, пренесе „Франс прес“.

-Советот најостро го осудува убиството на 11 цивили кое што е последица на ракетен напад на патнички автобус во градот Волновах во Доњецката област -се наведува во соопштението.

Портпаролот на локалните власти изјави дека автобусот превезувал цивили од пристаништето Маријупољ и дека во момент на нападот поминувале преку воена контролна точка.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17