Советот за безбедност на Обединетите нации ги повика учесниците во преговорите за Либија да постигнат спогодба за влада на национално едниство, со цел да се стави крај на кризата и се закани дека ќе воведе санкции, кон секој, кој ќе се обиде да ги попречи преговорите.
Во декларацијата, која едногласно беше усвоена од 15-члениот Совет за безбедност се потенцира вчерашното обновување на преговорите во Алжир и се додава дека со нетрпение се очекува следниот круг од преговорите, кој почнува утре во Мароко.
СБ изрази загриженост од континуираното насилство во Либија и ги повика сите завојувани страни да ги спречат борбените дејствија.
Во декларацијата се истакнува дека СБ е подготвен да воведе санкции против сите оние, кои им се закануваат на мирот, стабилноста и безбедноста на Либија или кои и пречат на политичката транзиција на земјата.
Либија во моментов има два соперични Парламенти и две влади.