ОН евакуираа повеќе од 160 бегалци од Либија во Нигер поради борби

Од:

Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) евакуира 163 бегалци од Либија во Нигер, во првата операција од ваков вид откако пред повеќе од две недели ескалираа борбите околу главниот град Триполи.

Бегалците, меѓу кои има десетици жени и деца, претходно беа сместени во либиски центри за притвор во близина на линиите на фронтот, соопшти УНХЦР во Женева.

Додека УНХЦР последните денови премести повеќе од 500 бегалци од вакви центри во побезбедни објекти на ОН во центарот на Триполи, повеќе од 3.000 се уште се наоѓаат во области каде што се водат борби.

– Солидарноста на Нигер во примањето на овие бегалци е пример за светот, но Нигер не може сам да го прави тоа, изјави високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди, повикувајќи ги и другите земји да учествуваат во напорите за евакуација.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа