ОН евакуира дел од работниците во Либија поради влошувањето на ситуацијата во земјата, соопшти портпаролот на Генералниот секретар Бан Ки-мун, Стефан Џарик.
– Мисијата на ОН во Либија времено го намалува својот персонал поради влошувањето на безбедноста во земјата, изјави тој.
Џарик нагласи дека станува збор за времена мерка и дека таа ќе биде повторо разгледана по нормализирање на ситуацијата во земјата.