ОН: Договорот за ненапаѓање на Корејскиот Полуостров останува во сила

Од:

Примирјето кое стави крај на Корејската војна, се уште важи и останува во сила наспроти тврдењето на Северна Кореја дека е поништено, изјави денеска портпаролот на ОН, Мартин Несирки.

Тој изјави дека договорот склучен пред 60 години е донесен од Генералното собрание на ОН и ниту Јужна Кореја, ниту Северна Кореја не може еднострано да го поништи.

Пјонгјанг минатата недела објави дека го поништува договорот за ненапаѓање, откако Советот за безбедност на ОН усвои нови санкции врз Северна Кореја поради својата трета нуклерана проба.

– Условите на договорот за примирје не дозволуваат на ниту една од двете страни еднострано да се ослободат од него, изјави Несирки.

Тој истакна дека Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ја повикува Севрена Кореја да продолжи да ги почитува условите на договорот.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска