ОН: Дамаск ја отежнува дистрибуцијата на хуманитарна помош низ земјата

Од:

Обединетите нации упатија остра критика до властите во Дамаск поради отежнување на дистрибуцијата на хуманитарна помош низ земјата, истакнувајќи дека околу седум милиони луѓе во Сирија имаат потреба од итна помош.

– Потребите се зголемуваат со голема брзина и најтешко е во областите зафатени со судири и деловите што се под контрола на опозицијата, изјави пред Советот за безбедност на ОН шефицата на канцеларијата за хуманитарни прашања Валери Амос.

Амос истакна дека се загрозени 6,8 милиони луѓе, заедно со 4,25 милиони внатрешно раселени, додека помош во соседните земји побарале 1,3 милиони Сиријци.

Според Амос секој камион со хуманитарна помош мора да има дозвола потпишана од двајца министри со цел да мине на контролните пунктови на режимот во Дамаск. Таа инсистира дека ваквата пракса мора да се промени бидејќи моменталната ситуација го отежнува пристапот до луѓето на кои најмногу им треба помошта, а тоа се жителите на пограничните области.

Советот за безбедност на ОН, составен од 15 држави, побараа од властите во Дамаск и сириската опозиција да соработуваат со агенцијата на ОН.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск