ОН: Бројот на сириските бегалци надминува 1,5 милиони

Од:

Бројот на сириските бегалци надмина еден милион и половина, соопшти денеска канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

– Фактот дека има над 1,5 милион регистрирани бегалци или лица што имаат средби со УНХЦР значи дека за жал, реалната бројка е многу поголема, се наведува во соопштението.

Според изјавите на бегалците интензивирањето на борбите и промената на контролата врз градовите и селата, особено во конфликтните области, резултира со тоа се поголем број цивили да ги напуштат своите домови, нагласува УНХЦР.

Од почетокот на судирите во Сирија во март 2011 година загинале над 70.000 лица, покажуваат податоците на ОН, додека Сирискиот центар за набљудување на човековите права оценува дека животот го загубиле над 94.000 лица.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа