ОН: Австралија мора да ја укине мерката задолжителен притворот за имигрантите, особено притворањето деца

Од:

Комитетот против тортура на Обединетите нации ја повика Австралија да ја укине мерката за задолжителен притвор за сите илегални мигранти, особено практиката притворање малолетни лица и деца.

Во документот објавен во петокот Светската организација ја повика Канбера да ја измени легислативата односно да ја подигне возрасната граница за кривина одговорност, која во моментов предвидува кривичен прогон на малолетни лица со наполнети десет години.

Комитетот на ОН изрази загриженост што притворот се уште е задолжителна мерка за сите лица што илегално пристигнуваат на континентот, особено тоа што „законот не утврдува максимална должина на времетраењето во имиграциски притвор што резултира со долготрајни лишувања од слобода“.

Комитетот ја повика Австралија да ја укине целата легислатива што предвидува „задолжителен и временски неопределен притвор на лица што нелегално влегуваат на нејзината територија“, како и да не се притвораат малолетници и семејствата со деца поради нивниот мигрантски статус.

Светската организација истовремено ја критикуваше практиката на австралиските власти барателите на азил да ги префрла во притворските единици на островот Науру и на Божиќните острови.

Комитетот сериозна загриженост изразува поради ниската возрасна граница со која се утврдува кривична одговорност за лица со навршени десет години, со барање таа да биде подигната како и да се прекине со практиката на изрекување мерка притвор во самица за малолетници.

Според извештајот на ОН, особено несразмерно имигрантските мерки се спроведуваат врз домородните лица и децата со попреченост.

Домородните луѓе во Австралија генерално се значително повеќе изложени на ризик да бидат затворени, така што околу 30 проценти од притворените во земјата се домородните лица иако тие претставуваат само 3,2 проценти од вкупната популација на континентот, посочуваат од ОН.

Комитетот ја повика Канбера „да ги идентификува основните причини за преголемата застапеност на домородните луѓе во затворите и да ги ревидира регулативите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Австралија ја менува банкнотата од пет долари со ликот на покојната кралица Елизабета

Пронајдена е малата радиоактивна капсула по која во Австралија се трагаше со денови

Катерина Павлова-Николовска

Американците дадоа зелено светло: Ѓоковиќ ќе може да игра на УС Опен

А1он

Гром удри десетгодишно дете на плажа во Австралија

А1он

ВИДЕО: Обезбедувањето ги помеша српските знамиња со руски и се обиде да им ги одземе на приврзаниците на Ѓоковиќ

А1он

Вонредна состојба поради поплави во Западна Австралија

Ана Ололовска