ОН: Авганистанската војска го гранатираше пазарот во Хелманд „по грешка“

Од:

Мисијата на ОН во Авганистан соопшти дека резултатите од истрагата покажуваат дека војската на таа земја „по грешка“ испукала проектили на прометниот пазар во јужната провинција Хелманд, при што загинаа 23 лица.

Според соопштението на гувернерот на провинцијата Хелманд, несреќата се случила откако експлодирала бомба и гранати биле испукани на пазарот, при што животот го загубија 23 лица, меѓу кои и деца.

Нападот се случи во понеделникот, а Талибанците и авганистанската армија ја префрлаат одговорноста едни на други.

Мисијата на ОН во Авганистан објави на Твитер дека „неколку веродостојни извори“ потврдиле дека авганистанската војска испукала проектили насочени кон талибански цели, како одговор на огнот што тие го отвориле, но по грешка, погодиле цивили.

Во твитот не се споменува автомобил-бомба ниту се соопштува како се донеле овие заклучоци, но е објавено дека нападот се случил за време на конфликт меѓу Талибанците и авганистанската армија.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Османи од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме „не“ на Русија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Неухранетоста и болестите ќе доведат до „експлозија на смртност“ кај децата во Газа

Обединетите нации нема да учествуваат во присилното раселување на Палестинците

Катерина Ѓуровски

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Меѓународниот суд на правдата ќе донесе важна одлука за Украина и Русија