ОН: 486 милиони во Азија се прегладнети

Од:

Извештај на Обединетите нации наведува дека околу 486 милиони луѓе во Азија и тихоокеанскиот регион страдаат од недохранетост и нема напредок во намалувањето на гладот.

Во извештајот на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) и уште три агенции на ОН објавен денеска се вели дека повеќе од половина деца во светот, кои се недохранети, живеат во Азиско-Тихоокеанскиот регион.

Гладта предизвикува пречки во развојот и траен инвалидитет, а ситуацијата се усложнува поради недостаток на постојан пристап до храна и лошите санитарни услови, дури и во големите градови и релативно просперитетна земји.

Главната причина зошто луѓето сè уште гладуваат е сиромаштијата и нееднаквиот пристап до добра храна, чиста вода и тоалети. Многу од погодените од гладот ​​работат земјоделство или во сивата економија и не можат да се потпрат на социјална помош во време на криза или да купат доволно храна за своите деца.

Би можело да ве интересира

Левица: Додека функционерите уживаат во луксуз, секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он

Демократско движење: Додека Владата експериментира, сиромаштијата само расте

Горан Наумовски

Четвртина од населението во Македонија не може да си го загрее домот: Енергетската сиромаштија се зголемува

A1on

ВИДЕО: Паѓаат температурни рекорди во светот, горат Европа, Америка и Азија

Катерина Ѓуровски