Омар Исмаил Мостефаи е првиот идентификуван бомбаш-самоубиец од Батаклан

Од:

Првиот идентификуван бомбаш-самоубиец во терористичките напади во Париз е Омар Исмаил Мостефаи, кој на француската полиција и е познат како ситен криминалец.

Тој е препознат според отисокот на прстот, кој е пронајден меѓу урнатините на концертната сала Батаклан.

Дваесет и девет годишниот Мостефаи е еден од тројцата, кој се разнесе и притоа уби 89 луѓе во концертната сала во петокот. Роден е во 1985 година во сиромашното париско предградие Куркурн и неговото криминално досие покажува дека имал осум пресуди за полесни кривични дела во периодот од 2004 до 2010 година, но не е осудуван на затвор. Неговиот татко и 34-годишниот брат се притворени, а истражни органи ги претресуваат домовите на неговите пријатели и роднини.

Мостефаи, колку што е познато, бил близок на радикалниот ислам, но никогаш не бил поврзан со тероризам.

Според весникот „Фигаро“, кој се повикува на извор од судско-медицинската експертиза, двајца од терористите во Париз биле на возраст меѓу 15 и 18 години.

Откривањето на сирискиот пасош во близина на телото на еден од напаѓачите го зголеми сомнежот дека некои од нив влегле во Европа како дел од бегалскиот бран од Сирија.

– Потврдуваме дека сирискиот државјанин преминал преку грчкиот остров Лезбос на 3 октомври, каде бил регистриран според правилата на ЕУ, изјави грчкиот министер за заштита на граѓаните, Никос Тоскас.

Француската полиција соопшти дека напаѓачите изгледале искусни на прв поглед и добро обучени.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во напад со нож во Париз

Улица во Париз ќе го носи името на Дејвид Боуви

А1он

ВИДЕО: Драма во Париз – Лувр итно евакуиран

Во Париз е забрането изнајмување електричeн тротинет

(ВИДЕО) Експлозија во Париз, петмина се повредени

Ограбена е златарница во центарот на Париз, штетата е огромна