Оланд заминува за Минск со цврста определба за постигнување договор

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека заедно со канцеларката Ангела Меркел заминува за Минск со цврста определба „да биде постигнат мировен договор за Украина“, јавува дописникот на МИА од Париз.

– Ние имаме цврста определба да биде постигнат договор, иако не сме сигурни дека можеме да го направиме тоа., Секој треба да биде ставен пред својата одговорност, изјави Оланд пред заминувањето за Минск, додавајќи дека за ситуацијата во Украина повторно разговарал со Меркел.

– Заедно со канцеларката ќе бидеме посебно активни се до средбата во Минск, за да може да биде постигнат договор и сеопфатно решение, кое ќе дозволи враќање на мирот, нагласи Оланд.

Според францускиот претседател, сите страни имаат „интерес“ да биде постигнат договор.

– Прво Украина, за да може да ја врати стабилноста во рамките на територијалниот интегритет, но исто така и Русија за да има однос во согласност со своите интереси и историја, како и во согласност со нејзината иднина во Европската Унија, додаде Оланд.

Шефот на француската дипломатиј, Лоран Фабиус пред Националното собрание ги објасни ставовите на Париз за постигнувањето на договор во Минск.

– Принципите кои ние ги браниме се следните: веднаш да дојде до прекин на огнот, брзо повлекување на тешкото оружје, ефикасна контрола на границата, почитување на суверенитетот на Украина и изнаоѓање специфичен статут за населението на Донбас, со што остануваме на принципите од договорите од Минск, рече Фабиус.

Изутринава Фабиус како гостин на француското радио Франс Интер изјави дека самитот во Минск е „последната шанса“ за мирно решавање на украинската криза.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски