Оланд откри спомен плоча за настрадан во ланските атентати во Париз

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска, на одбележувањето на првата годишнина од нападите во Париз, откри спомен плоча посветена на човекот кој погина во нападот на бомбашите на стадионот „Франција“, во париското предградие Сен Дени, јави Танјуг.

Како што пренесуваат француските медиуми, Мануел Дијаз погина на стадионот, во текот на првиот напад, за време на фудбалскиот натпревар меѓу Франција и Германија.

Во коордираните напади на 13 ноември 2015 година, најлошите било кога забележени во Франција, беа убиени вкупно 130 лица и ранети стотици други лица.

Оланд и градоначалничката на Париз, Ен Идалго, денеска ќе ги посетат местата во француската престолнина каде минатата година џихадистите ги изведоа терористичките напади.

Би можело да ве интересира

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот