Оланд: Организацијата ИД е закана за целиот Блиски Исток

Од:

Организацијата „Исламска држава“ е закана за целиот Блиски исток, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд отворајќи ја меѓународната конференција за мир и безбедност во Ирак што се одржува во Париз.

– Одговорот против џихадистите треба да биде глобален, нагласи Оланд.

Претседателот на Франција ги повика западните и арапски држави да се ангажираат „јасно, лојално и силно на страната на ирачките власти“.

Тој додаде дека „нема време за губење“ пред лицето на заканата од џихадистите.

Оланд побара од државите учеснички во конференцијата да ја поддржат со „сите средства“.

– Хаосот работи во корист на терористите. Затоа треба да ги поддржиме сите кои може да ги направат компромисите за обезбедување иднина на Сирија, нагласи Оланд.

На меѓународната конференција учествуваат министри за надворешни работи од околу 30 држави меѓу кои и петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации и соседите на Ирак, Катар, Саудиска Арабија, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати.

Би можело да ве интересира

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот